More

    Гром оштети електрична инсталација во Неготино

    spot_img

    Невремето што го зафати вчера регионот на Свети Николе предизвика штети, особено кај село Кадрифакоово, информира Центарот за управување со кризи.

    Од поројниот дожд и големата количина вода поплавен е надвозникот кај с.Кадрифаково, а на регионалниот пат Штип – Свети Николе имало насобрано големо количество гранки, ѓубре, наноси од кал и песок. Има и оштетување на патот од поројната вода, при што е направено голема дупка.

    На самото место се испратени екипи од полицијата, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, како и од ЦУК, а последиците од невремето се расчистени.

    На 112 е добиена и пријава од гром во  Неготино, што предизвикал прекин на електричната енергија на улица „Пано Калајџиски“ и околината. Пријавени се оштетувања на апарати во домаќинството. Екипи на „ЕВН Македонија“ веднаш реагирале и го отстраниле дефектот.

    ЦУК информира и за четири пожари на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие. Пожари имало спроти касарната Прилеп  (горела ниска вегетација), во Струмица – на вливот на брана „Водоча“ (горела борова шума), во Валандово кај Анска Река на месноста „Мичкин Мост“ (горела ниска вегетација) и кај Млекара Тетово (каде што горела ниска вегетација).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img