Фронтменот на групата „Crazy Town“, Шифти Шелшок, чие вистинско име е Сет Брукс Бинзер, почина на 49-годишна возраст.
Пејачот бил пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Причината за неговата смрт засега не е позната.
Шифти и неговиот бенд се прославија со хитот „Butterfly“. Песната се најде на листата на Билборд Хот 100. „Butterfly“ денес има 238 милиони прегледи на Јутјуб.
Шифти Шелшок е соосновач на „Crazy Town“, рап-рок бенд кој е основан во 1995 година. „Butterfly“, култната песна која го прослави бендот беше објавена во октомври 2000 година како трет сингл од нивниот деби албум „The Gift of Game“ (1999), но се здоби со популарност дури откако беше официјално објавена со музичко видео во февруари 2001 година.
Шелшок со години се борел со зависноста од дрога и алкохол, а дури бил и во кома. Пејачот долго време се борел со злоупотребата на дрога и се појавувал во разни реалити програми за да се избори со својата зависност, вклучувајќи ги „Celebrity Rehab“ и „Sober House“.
Шелшок зад себе остави три сина.