More

    Бугарското Министерство за надворешни работи денеска со соопштение реагира на изјавата македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека доколку има политичка волја можно е решение со Бугарија и промена на преговарачката рамка со ЕУ

    spot_img

    Бугарското Министерство за надворешни работи денеска со соопштение реагира на изјавата македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека доколку има политичка волја можно е решение со Бугарија и промена на преговарачката рамка со ЕУ.

    „Министерството за надворешни работи упорно потсетува дека европскиот консензус постигнат летото 2022 година меѓу 27-те земји-членки на ЕУ и самата Северна Македонија јасно ги опишува чекорите за постигнување вистински напредок во евроинтегративниот процес на соседната земја. Исто така, принципот на едногласност во процесот на проширување на ЕУ е вграден во Договорот за Европската Унија и во преговарачките рамки на сите претходни и сегашни проширувања. Покренувањето идеи за повторно преговарање за веќе преземените меѓународни обврски само ќе доведе до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Потсетуваме дека како резултат на непотребните провокации и конфронтации со соседните земји, Северна Македонија веќе изгуби премногу време во процесот на отворање на пристапните преговори“, се наведува во соопштението.

    За властите во Софија, како што се посочува, „неприфатлива е искажаната намера на новата влада на Северна Македонија да го отфрли легитимното барање на дел од сопствените граѓани да ги гарантира правата и слободите на рамноправна основа со сите други заедници во Северна Македонија, вклучително преку нивно вметнување во уставот“.

    „Подеднакво неприфатлива е и искажаната намера на Северна Македонија да не се придржува до меѓународните обврски и потпишаните договори. Ваквиот став е некомпатибилен со напредокот на европскиот пат. Остава сериозна загриженост дека во својата политика кон Бугарите и кон Бугарија, актуелната влада во Скопје ризикува да биде заробена од догмите на една минато време, отфрлена од сите демократски општества. Бугарската позиција е јасно наведена во Одлуката на Народното собрание од 24 јуни 2022 година, поддржана од сите политички сили. Тоа е израз на волјата на бугарските граѓани да ја поддржат Северна Македонија во процесот на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, под услов соседната земја да се придржува до највисоките стандарди во областа на човековите права и да ги исполни меѓународните обврски преземени во добра вера. Оваа позиција на национално ниво нема да се менува“, се наведува во соопштението од бугарското МНР.

    Во гостување на Телевизија 24, премиерот Христијан Мицкоски синоќа рече дека ќе бидат потребни дека нема да има дополнителни билатерални услови од Софија со посредништво на Европската унија.

    – Ако има желба, преговарачката рамка може да се промени, ако навистина сакаат Македонија да ја видат таму има можност за тоа, но треба да се искрени со нас и да ни кажат „да сакаме под овие услови“. Ние ако имаме политичка волја и вистинско читање на нештата се може да се случи – рече Мицкоски.

    Кога ќе има политичка влада во Бугарија, Мицкоски вели дека има најмалку три решенија за кои е подготвен да преговара.

    – Има најмалку три креативни решенија коишто сум подготвен да ги разговарам кога ќе има политичка влада во Бугарија, кои мислам дека можат да бидат излезно сценарио од целиот процес – рече премиерот.

    Мицкоски вели дека патот по кој се одело досега не поминува кај народот, направена е грешка и треба да се бара решение.

    – Подготвени сме да седнеме и да најдеме решение со новата влада во Бугарија. Да разговараме за сѐ, за можните ризици… Неприфатливи се изјавите дека уште ова треба да го направите и готово. Зашто ние направивме многу за европските вредности, а добивме нула – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img