Принцезата Ана е во болница со полесни повреди на главата и потрес на мозокот откако била клоцната од коњ во паркот Геткомб, објави Дејли мејл.
73-годишната сестра на кралот, коњаничка и добитничка на олимписки медал, вчера вечерта се шетала на својот имот во Глочестершир кога се случил инцидентот.
Службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот и на Ана ѝ била укажана медицинска помош пред да биде однесена во болницата „Саутмед“ во Бристол н
Таа се здобила со полесни повреди на главата и со потрес на мозокот , а нејзиниот медицински тим верува дека повредите укажуваат на потенцијалниот удар од коњот.
Портпаролот на палатата рече дека Ана „добро закрепнува“ и дека е во „удобна состојба“. Се очекува таа да може да се врати дома подоцна оваа недела.
Ангажманите на Ана оваа недела се одложени по совет на лекарите, вклучително и патувањето во Канада, како и нејзиното присуство на банкет за јапонската државна посета.