Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се искачи на второто место на најновата АТП ранг-листа објавена денес на веб-страницата на организацијата.
Шпанецот Карлос Алкараз минатата недела загуби од Британецот Џек Дрејпер во второто коло на турнирот во Лондон и загуби 450 поени. Благодарение на ова, Ѓоковиќ се искачи на второто место. Србинот моментално закрепнува од операцијата.
Лидер е италијанскиот тенисер Јаник Синер.
Десетте најдобри на најновата АТП ранг-листа:
Јаник Синер (Италија) – 9.890 поени
Новак Ѓоковиќ (Србија) – 8.360
Карлос Алкараз (Шпанија) – 8.130
Александар Зверев (Германија) – 6.905
Данил Медведев (Русија) – 6.445
Андреј Рубљов (Русија) – 4.420
Хуберт Хуркач (Полска) – 4.235
Каспер Руд (Норвешка) – 4.025
Алекс де Минаур (Австралија) – 3.830
Григор Димитров (Бугарија) – 3.750.
Инаку вчера Новак Ѓоковиќ тренираше на Вимблдон, само 17 дена по операцијата на коленото.
Токму преврзаното колено беше она во што сите гледаа додека Ѓоковиќ трчаше по тревата во Ол Ингланд клубот.
Ѓоковиќ очигледно беше задоволен што се врати на лондонската трева бидејќи во еден момент ги соблече патиките и бос се загреваше за тренинг.
Ѓоковиќ од овој понеделник е вториот тенисер во светот, но сѐ уште официјално нема потврдено дека ќе учествува на турнирот кој го освојуваше седум пати.
Вимблдон започнува во понеделник.