Латино пејачката Џенифер Лопез неодамна беше фотографирана на луксузна јахта во Италија, а нејзините жешки селфи фотографии се појавија на социјалните мрежи.
Џенифер одлучила да ужива во привлечноста на брегот Амалфи без да биде придружувана од нејзиниот сопруг Бен Афлек, а како што пренесува британскиот таблоид „Дејли мејл“, отсуството на актерот уште повеќе ги подгреало гласините дека славната двојка е пред развод.
Пејачката се фотографира во едноделен бел костим за капење.
Извесно време се зборува дека латино дивата и актерот Бен Афлек се разведуваат, а фактот дека таа ужива сама на јахта во Италија уште повеќе ги подгрева гласините дека се ближи крајот на нивниот брак.