Фудбалската репрезентација на Австрија одигра одличен натпревар во групата „Д“ и ја совлада Полска со 1:3 за први бодови на Европското првенство.
Австрија од својата прва посериозна шанса успеа да го отвори резултат, погоди Гернот Траунер по само девет минут иигра.
Полска првпат се закани во 18 минута кога Зелевски шутираше над австрискиот гол. Иако, Австрија во тој период беше подобра на теренот, Полска сепак дојде до изедначување по половина час игра кога најдобро во петерецот се снајде Пјонтек.
Во второто полувреме одново Австрија беше подобра и до втор гол стигна во 67 минута. Сите дилеми околу победникот беа отстранети со голот од пенал на Арнаутовиќ на десетина минути пред крајот.
Австрија во последното коло од групната фаза ќе игра против Холандија, додека Полска ја очекува натпревар против Франција.