More

    Починал 25-годишен војник на обука за специјалци на кого нагло му се слошило на марш

    spot_img

    Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија со жалење и длабоко сочувство кон фамилијата, ја известува јавноста дека на 19 јуни, околу 23.15 часот, во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) почина припадник на Армијата, професионален војник со иницијали А.Ј., на 25-годишна возраст.

    Професионалниот војник е еден од кандидатите кои го посетуваа селективниот курс за баталјонот за специјални сили кој се одвива изминатите дваесетина денови на Армискиот Полигон „Криволак“.

    На војникот на самиот завршеток на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс, марш на долго растојание во доцните попладневни часови, по 18.30 часот, без претходни видни знаци нагло му се слошило по што паднал во безсознание.

    Насоки за понатамошна постапка и утврдување на околностите под кои настанал несреќниот случај во текот на ноќните часови се дадени од страна на јавен обвинител кој ќе ја води понатамошната истражна постапка.

    Официјалниот извештај за причините поради кои настанала смртта кај армискиот припадник ќе бидат соопштени по извршена обдукција од Институтот за судска медицина во Скопје, по што јавноста ќе биде благовремено информирана.

    Починатиот војник го отпочнал 24-дневниот селективен курс во добра здравствена состојба и во одлична физичка подготвеност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img