Претседателката Гордана Сиљановска Давкова синоќа присуствуваше на приемот во британската резиденција во Скопје, по повод роденденот на кралот Чарлс Трети.
„Развојот на пријателските односи и соработката со Обединетото Кралство, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО и британската поддршка во исполнувањето на македонската стратешка цел – членство во ЕУ која продолжи и по Брегзит, се од особен наш интерес“, напиша Сиљановска Давкова во објавата на Фејсбук.