More

    Турција славеше победа, Грузија дебитантски гол на ЕП

    spot_img

    Репрезентацијата на Турција ја совлада Грузија со 3:1 во првиот натпревар од групата „Ф“ на Европското фудбалско првенство во Германија.

    Еден од натпреварите за кој имаше најмалку очекувања се претвори во несекојдневен спектакл. Грузијците како дебитанти на континенталното првенство, понудија прекрасен фудбал и успеаја да го постигнат својот прв гол во европските завршници, благодарение на Жорж Микутадзе.

    Тимот на Винченцо Монтела исто така беше подготвен за предизвикот и тоа го претвори натпреварот во одлична средба.

    Мерт Мулдур го отвори резултатот во 25. минута, а седум минути подоцна Грузијците израмнија. Арда Ѓулер ја доведе Турција во предност со фантастичен погодок во 65. минута, а во судиското надополнување, резервата Керем Актуркоглу ги постави конечните 3-1.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img