лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Христијан Мицкоски во интервју за централниот Дневник на телевизија Сител.
– Првото ветување е дека ќе се случи реорганизација на владиниот кабинет и тоа се случи со мнозинство од 88 пратеника и втората работа е тоа дека ДУИ ќе биде опозиција и тие се во опозиција – истакна Мицкоски.
Мандатарот на новата влада посочи дека затекнатите состојби се катастрофални и ситуацијата е алармантна.
– Информациите кои доаѓаат до мене се катастрофални односно алармантна ситуација која владее во Македонија и која е наше секојдневие и тоа нема да не изненади ниту нас, ниту граѓаните ако кажеме дека е лоша состојбата. Впрочем, нема човек кој денеска во Македонија вели дека е добра состојбата. Нема таков. Тоа беа и резултатите на изборите кои се случија на 8 мај и знам дека ќе немаме 100 дена, немаме ниту минута, бидејќи веќе почнаа нападите кон нас, а не сме ниту влада. Претпоставувам дека за 6 дена треба да е нашиот прв работен ден, а веќе почнаа нападите – посочи Мицкоски.