Најмалку 4 лица го загубија животот, а повеќе од 120 се повредени во силниот земјотрес со јачина од 4,9 степени што го погоди североисточниот дел на Иран

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најмалку 4 лица го загубија животот, а повеќе од 120 се повредени во силниот земјотрес со јачина од 4,9 степени што го погоди североисточниот дел на Иран, јавија иранските медиуми.

Земјотресот бил регистриран во 13:24 часот по локално време во североисточниот град Кашмар, изјави локалниот гувернер Хојатола Шаријатмадари за државната телевизија.

 

Американскиот сеизмолошки институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,9 степени, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Шаријатмадари рече дека во земјотресот се оштетени згради во урбаните и руралните области.

Share This Article