Во Вишото јавно обвинителство во Заечар, утре во 10 часот повторно ќе биде сослушан Срѓан Јанковиќ, осомничениот за убиството на 2-годишната Данка Илиќ, објави српски Телеграф.
Повод за повторното рочиште се дополнителни прашања од обвинителот.
Срѓан Јанковиќ претходно беше сослушан во Обвинителството на почетокот на јуни кога ја негираше вината, а првиот пат, по апсењето, се бранеше молчејќи, односно го искористи законското право да не изнесува одбрана.
„Рочиштето на Срѓан Јанковиќ е закажано за 19 јуни 2024 година, во 10 часот“, соопшти Вишото јавно обвинителство во Заечар.
Второобвинетиот Дејан Драгијевиќ го призна убиството.
Двајцата се во притвор, а таткото на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето, неодамна е пуштен од притвор бидејќи за кривичното дело помагање на сторителот по извршувањето на делото, според законот во Србија, притворот не може да трае подолго од 2 месеца.
Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор.