45-годишна жена, Ј. Г., загина во сообраќајна несреќа кај Мајур кај Шабац, Србија, кога на неа налетал малолетник со мотоцикл, објави српски Глас јавности.
Соседи велат дека е повредена мајка на четири деца, а жената починала во болница.
– Таа работеше цел ден, береше малини. Работниците имале организиран превоз кој ги возел дома. Жената излегла од комбето спроти куќата и додека ја преминувала улицата ја прегазил малолетник со мотор. Како што слушнав, тој има 17 години, а сопатникот 15 години – вели анонимен извор запознаен со случајот.
Како што вели, на тоа место нема обележан пешачки премин, па не е сигурен дали жената се погрижила безбедно да ја помине улицата.
– Сѐ се случи во секунда, комбето сѐ уште беше паркирано кога се случи несреќата. Голема трагедија, 4 деца останаа без мајка – изјави вознемирениот сосед.
Жената од местото на несреќата е пренесена на итната медицинска помош на болницата во Шабац, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди. Лекарите направиле сѐ за да ја спасат, но таа починала набргу по приемот.
Возачот на мотоциклот има тешки физички повреди и е хоспитализиран, додека, пак, на детето, кое било сопатник, лекарите му констатирале полесни физички повреди.