Несекојдневна ситуација се случи по натпреварот помеѓу Србија и Англија (0:1) во Гелзенкирхен во првото коло од групата Ц на Европското првенство.
Натпреварот се одигра на стадионот на Шалке „Велтинс Арена“, кој беше исполнет до последно место од англиски и српски навивачи, а по мечот во зората се случи прилично чудна ситуација.
Имено, еден навивач на „Гордиот Албион“ се разбудил во четири часот наутро на празниот стадион во Гелзенкирхен! Како што објави на социјалните мрежи и самиот бил шокиран од фактот кога се разбудил и видел целосно празен стадион околу него.
– Само што се разбудив. Сега е 4 часот наутро. Сум запал на стадионот на Шалке – вели премрзнатиот Англичанец.
Очигледно атмосферата, како и преголемото количество алкохол го опијаниле Англичанецот, кој по победата на својот тим решил малку да се одмори во тишината на „Велтинс арената“. Едноставно е неверојатно што никој од обезбедувањето на стадионот не го видел Англичанецот на трибините.