More

    Новиот прв човек на дипломатијата кон функцијата пристапува со цврста решеност и посветеност

    spot_img

    Дозволете ми најпрво да изразам голема благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ и мандатар на владата Христијан Мицкоски, членовите на Извршниот и Централниот Комитет за довербата и за можноста да бидам Министер за надворешни работи и надворешна трговија во новата влада, пишува новиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски.

    – Искрено ја ценам честa која ми е доделена и сум длабоко свесен за одговорноста која доаѓа со оваа позиција. На оваа функција пристапувам со цврста решеност и посветеност да работам исклучиво за интересите на нашата драга држава и сите нејзини граѓани. Ќе направам сè за да придонесам за развојот и напредокот на нашата земја, преку транспарентно, одговорно и ефикасно работење – вели Муцунски.

    Тој додава дека во период на сериозни глобални предизвици и можности, нашата посветеност на дипломатијата, дијалогот и меѓународната соработка се поважни од било кога.

    – Во таа насока, ќе се залагам за градење и одржување на силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери, со цел да ја зацврстиме нашата позиција и да создадеме можности за економски раст и развој. Верувам дека со заеднички напори и посветеност можеме да создадеме подобра иднина за Македонија – рече новиот министер за надворешни работи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img