Би сакал да му се заблагодарам на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден претседател на Владата, Христијан Мицкоски, за укажаната доверба и чест да бидам заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, напиша Александар Николоски на Фејсбук.
„Да се биде дел од неговиот тим во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата. Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија! Народот ни даде огромна доверба. Со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме. Ќе правиме убави работи. За Македонија“, напиша Николоски.