Актерот и комичар Хирам Кастен почина на 71 година. Тој беше ѕвезда на њујоршката сцена во седумдесеттите и осумдесеттите години во време кога комедијата, особено стенд-апот, го доживуваше своето процветување.
Кастен играше во познатиот ситком „Сајнфилд“.
Актерот починал вчера откако се бореше со различни заболувања, вклучително и рак на простата, се вели во објавата на неговата официјална страница на Фејсбук.
Кастен се прослави за време на бумот на комедијата во Њујорк пред неколку децении.
Тој го запозна Џери Сајнфелд на почетокот на својата кариера по аудицијата за „Комик стрип“, а потоа склопија доживотно пријателство што резултираше со тоа што Хирам се појави во три епизоди на „Сајнфелд“.
Тој играше во бројни серии: „Мојата сопруга и деца“, „Спасени од ѕвончето“, „Принцот од Бел-Ер“, „Сите го сакаат Рејмонд“, „Седмо небо“, Мажите на одредена возраст“…
Зад себе ја остави сопругата Дијана со која беше во брак 38 години и нивната ќерка. Семејството планира комеморација и погреб во Њујорк и Лос Анџелес, пишува ТМЗ.