More

    Декларацијата која го поддржува територијалниот интегритет на Украина ја потпишаа 80 земји

    spot_img

    Претставници на повеќе од 80 земји кои присуствуваа на мировната конференција за Украина во Швајцарија денеска потпишаа декларација во која се наведува дека „територијалниот интегритет“ на Украина е основа за секој мировен договор што ќе стави крај на војната

    „Ја потврдуваме нашата посветеност да се воздржиме од закана или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичка независност на која било држава, кон принципите на суверенитет, независност и територијален интегритет на сите држави, вклучително и Украина, во рамките на нивните меѓународно признати граници, вклучувајќи ги територијалните води. , и да се решаваат споровите со мирни средства како принципи на меѓународните права“, се наведува во декларацијата по дводневниот самит.

    Понатаму се додава дека Повелбата на ОН, вклучувајќи го и почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет, „може и ќе послужи како основа за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина.

    „Ние веруваме дека постигнувањето мир бара вклученост и дијалог меѓу сите страни“, се додава.

    Декларацијата конкретно се однесува на „заедничката визија“ во однос на три „клучни аспекти“.

    Прво во контекст на нуклеарната централа Запорожје, веше истакнато дека „користењето на нуклеарната енергија и нуклеарните инсталации мора да биде безбедно, сигурно, заштитено и еколошки прифатливо“. Беше забележано и дека заканите за употреба на нуклеарно оружје се неприфатливи.

    Како втора точка, се наведува дека глобалната безбедност на храната зависи од пристапот до пристаништата во Црното и Азовското Море, поради што се неприфатливи и нападите врз трговските бродови.

    Конечно, 80 земји повикуваат на итна целосна размена на затвореници и за враќање на „депортираните и нелегално раселените украински деца и сите други украински цивили кои биле незаконски приведени“ во Украина.

    Декларацијата беше поддржана од 80 од 93 земји кои учествуваа на самитот. Меѓу земјите кои ја поддржаа декларацијата е и Македонија.

    Земјите кои не ја поддржуваат декларацијата се 6 членки на групата Г20 – Бразил, Мексико, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Индија и Индонезија, како и Ерменија, Бахреин, Тајланд, Либија, Обединетите Арапски Емирати, Колумбија и Ватикан.

    Претседателот Володимир Зеленски  изјави дека учесниците на самитот се согласиле да продолжат да работат во специјални групи и дека кога ќе бидат готови „акционите планови за мир“, патот до вториот самит ќе биде отворен, пренесува Ројтерс.

    – Се договоривме да почнеме да работиме во специјални групи по самитот за конкретни идеи, предлози и сценарија кои можат да ја вратат безбедноста во различни аспекти. Кога ќе бидат готови акционите планови за мир и кога ќе се разработи секој чекор, ќе се отвори патот за вториот мировен самит – рече Зеленски.

    Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека мирот во Украина „нема да се постигне во еден чекор, туку тоа ќе биде патување“.

    – Ова не беа мировни преговори затоа што (рускиот претседател Владимир) Путин не е сериозен за завршување на војната, тој инсистира на капитулација, тој инсистира на отстапување на украинска територија – дури и територија што не е окупирана денес – рече таа.

    Русија не беше поканета на мировната конференција, а Кремљ соопшти дека барањето начин за решавање на украинскиот конфликт без учество на Москва е нелогично и залудно.

    Според аналитичарите дводневната конференција најверојатно ќе има многу мало конкретно влијание врз завршувањето на војната.

    Претходно, премиерот на Канада, Џастин Трудо најави дека наскоро ќе организира меѓународен собир на министрите за надворешни работи посветен на жртвите од војната во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img