Орхан Муртезани предложен за министер за евроинтеграции

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот генерален директор во МЕПСО, Орхан Муртезани, е предлогот на Алтернатива за нов министер во Министерството за европски прашања. Лулзим Алиу е предложен за заменик министер во Министерството за образование и наука, а Сафије Садики Шаини за замничка на министерот во Министерството за етнички заедници.

„На денешниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива се разговараше за името на кандидатот на Алтернатива за министер во Министерството за европски прашања, притоа едногласно се одлучи кандидат на Алтернатива за овој ресор да биде Орхан Муртезани, поранешен Генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен Секретар за односи со јавноста и Портпарол на Алтернатива.

На оваа средба се разговараше и за кандидатот за заменик министер на Министерството за образование и наука, каде исто така едногласно се одлучи да биде проф. д-р Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.

Бидејќи Алтернатива презеде одговорност и за заменик-министерот во Министерството за етнички заедници, Централното претседателство едногласно одлучи кандидат на Алтернатива за оваа функција да биде Сафије Садики Шаини – универзитетска професорка, поранешна пратеничка и  потпретседателка на Алтернатива“ – информираа од Алтернатива.

На средбата се разговарало и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието.

„Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да има претседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседател на Алтернатива“ – информираат од партијата.

Share This Article