Едно лице загина, а повеќемина се повредени откако возило од конвојот на новоизбраната претседателка на Мексико, Клаудија Шајнбаум имаше сообраќајна несреќа.
Автомобилот во кој се наоѓаше Шајнбаум не учествуваше во несреќата што се случи во градот Монклова во мексиканска сојузна држава Коауила.
Медиумите информираа дека Шајнбаум застанала да ја провери состојбата на повредените, кои потоа се пренесени со брза помош.
„Длабоко жалиме за смртта на едно лице“, се вели во соопштението.