Почина првиот голман на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ (26), јавуваат медиумите.
На голманот на Соколов и англиски Милвол му се слошило во станот во Будва каде бил на одмор, пренесува РТЦГ.
Иако брзата помош пристигнала брзо, на Шаркиќ не можела да му помогне.
Матија Шаркиќ брилјираше на голот на Црна Гора пред неколку дена на мечот против Белгија, додека го прескокна мечот со Грузија. За репрезентацијата забележа девет настапи.
Пред Милвол беше член на Стоук, Волвс, Бирмингем, Астон Вила…