Мајка на ученик, во основното училиште „Јован Дучиќ“ во Белград, нападнала и брутално претепала наставничка по биологија, пишува српски Курир.
– Мајката дојде пред отворената врата и ја праша наставничката по биологија зошто нејзиниот син добил оценка 2, кога тој има просек од 3. Притоа не знаела дека и оценката од првото полугодие е собрана. Мајката ѝ кажала ужасни нешта: „Не знаеш која сум јас, кучко, ќе ти ја ебам мајката“ – вели наставничка, од белградското основно училиште „Јован Дучиќ“, која со повредената колешка отишла во болница.
Потоа се заканила дека ќе оди кај директорот, што наставничката по биологија го поддржала. Меѓутоа, таа одеднаш се вратила. Ја потегнала за коса, наставничката паднала наземи и мајката ѝ ја удрила главата.
– Нема да работиш на ниедно друго место, нема да работиш во ова училиште, ќе се сеќаваш на мене, не знаеш која сум. Ќе ти го убијам семејството – извикувала арогантната мајка.
Бидејќи било одмор, никој не ги слушнал повиците на нападнатата учителка за помош, па разгневената мајка продолжила да вреска и да вели: „Никој не те слуша, ќе те убијам“.
– Колешката има контузија на градниот кош, повредени се и ногата и раката, а има и гребаници – рекол еден од колегите на повредената наставничка.
Мајката наводно во полиција признала дека завршила курс за боречки вештини.
Родителите на децата од споменатото училиште тврдат дека знаат која е жената која ги нападнала.
Со одлука на колективот О.Ш. „Јован Дучиќ“, денеска во тоа училиште нема да има настава.