More

    Златан Ибрахимовиќ пред неколку години купил црква во Стокхолм и ја претворил во луксузен дом

    spot_img

    Златан Ибрахимовиќ пред неколку години купил црква во Стокхолм и ја претворил во луксузен дом. Славниот шведски фудбалер кој има балкански корени, црквата од 9,24 милиони евра ја купил за својата мајка Јурка.

    Во својата втора автобиографска книга „Адреналин“, поранешната ѕвезда на Милан, Пари Сен Жермен и поранешен шведски репрезентативец со босанско потекло, напиша дека на мајка си Јурка и купил и стан на Паг за да може да биде поблиску до нејзините сестри кои живеат на тој остров. А, црквата во Стокхолм ја купил за да ја усреќи.

    Неговата мајка Јурка Гравиќ е од селото Пркос во околината на Задар. Мајката на славниот фудбалер имала тежок живот, израснала во сиромаштоја и уште на 17 години заминала да работи во Германија. Таму го запознала првиот сопруг со кој има две ќерки Моника и Виолета. Кога бракот се распадна, таа се омажила за кафеанскиот пејач Шефик Ибрахимовиќ, од Бјелина во Босна, познат како Кинко. Таа му родила две деца, Златан, кој стана фудбалска легенда и ќерката Санела.

    Кога се распаднал бракот на Јурка и Шефик, тие живееле тешко. Златан во својата автобиографска книга се присетива на тие тешки денови во детството кога бил повеќе гладен отколку сит.

    Златан прво живеел со својата мајка, која напорно работела како куќна помошничка, а потоа со својот татко, кој се лекувал од алкохолизам. Славниот фудбалер не го крие тешкото и проблематично детство во кое лесно можел да го допре дното, но благодарение на својот упорен карактер решил да се издигне и да успее во животот.

    Тој секогаш со голема топлина зборува за својата мајка, за која вели дека не и било лесно да работи и да одгледува пет деца.

    Златан успеал да префрли дел од милионите во фирмите кои им ги доверил на својата мајка и на неговиот полубрат Александар. Имено, мајката на Златан го родила петтото дете вонбрачно, а полубратот на Златан се вика Александар Ѓорѓевиќ. Златан имал и полубрат Сапко од вториот брак на неговиот татко, но тој починал во 2014 година на 41-годишна возраст што тешко го погодило.

    Златан никогаш не ги заборавил своите корени, ни своето семејство и милионите заработени од фудбалот несебично ги споделува со своите родители и со братот и сестрите обезбедувајќи ги сите со куќи и станови.

    На татко му Шефик, Златан му купил стан во ексклузивниот дел на Малме. Имено, 71-годишниот Шефик, кој едвај врзувал крај со крај додека го одгледувал Златан, настапувајќи по балканските пабови во тој град и лечејќи ја депресијата по родниот крај, на старост не би можел да си дозволи скап стан.

    За својата мајка, Златан ја купил црквата во Стокхолм која подоцна е преуредена во луксузен дом. Но и стан во Малме каде таа најчесто престојува опкружена со соседи од земјите на поранешна Југославија. Поранешната собарка, која по 14 часа дневно напорно работела за да ги одгледува своите пет деца, денес може да биде горда и задоволна од својот син.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img