More

    Откриена голема лага во истрагата за несреќата на подморницата Титан

    spot_img

    Во јуни минатата година, во експлозијата на приватната подморница Титан, која се спушташе кон потонатиот брод Титаник, загинаа сите 5 патници, кои според извештаите, загинале во дел од секундата.

    Наводен транскрипт од комуникацијата меѓу подморницата и матичниот брод кружеше на Интернет. Транскриптот сугерираше дека патниците биле свесни за претстојната експлозија. Но, шефот на тимот на американската сојузна влада што ја истражува катастрофата рече дека целиот транскрипт е фикција, пишува Њујорк Тајмс.

    – Убеден сум дека се работи за лажен транскрипт. Сето тоа е измислено. Некој го направи тоа доволно убедливо – тврди капетанот Џејсон Д. Нојбауер, пензиониран член на американската крајбрежна стража и претседател на Истражниот одбор на Маринскиот корпус.

    Транскриптот кој кружи на Интернет сугерираше дека патниците на подморницата биле свесни за бројните аларми што биле активирани во пловилото и дека навремено го информирале својот матичен брод. Во меѓувреме, како што се дознава, американските инспектори дошле и до записи за реалните комуникации меѓу подморницата и матичниот брод Polar Prince. Сепак, таа информација остана необјавен дел од истрагата.

    Нојбаер рече дека неговиот тим „не нашол докази“ дека патниците на Титан биле свесни за претстојната експлозија или за нивната судбина.

    Нојбаер додаде дека истрагата за експлозијата на Титан е една од најкомплексните што ги направил во неговата децениска работа и дека конечниот извештај за несреќата би можел да биде завршен во следните две до три години поради „бројните компликации“.

    Потрагата по исчезнатата подморница започна на 18 јуни минатата година, а делови од распаднатиот Титан беа пронајдени на околу 487 метри од остатоците на Титаник, пет дена подоцна на длабочина од околу 3.800 метри.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img