Холандската групација ВДЛ (VDL Groep) го презема погонот на „Ван Хол“ во земјава во кој работат 1.350 работници, откако презеде делови од банкротираниот фламански производител на автобуси „Ван Хол“ (Van Hool).
Ова го соопшти групацијата на својата интернет страница.
Според соопштението, со стекнување на македонскиот погон и другите делови на „Ван Хол“, ВДЛ Груп планира дополнително да ги зајакне активностите на својот оддел за автобуси во Бусен.
„Аквизицијата веднаш ќе заштеди околу 1.600 работни места во висококвалитетната европска индустрија за автобуси. Износите вклучени во стекнувањето не се обелоденуваат3, се наведува во соопштението.
Околу 250 поранешни вработени во „Ван Хол“ во Белгија ќе бидат ангажирани да работат на производство на делови, пост-продажба, набавка, развој и финансии за фабриката „Ван Хол“ во Koningshooikt (Белгија). Постигнат е договор со синдикатите за условите за вработување.
„ВДЛ Груп“, исто така, ќе ја стекне целата интелектуална сопственост, правата за дизајн, софтверот, имињата на производите, опремата и машините од „Ван Хол“, како и фабриката за автобуси во С Македонија каде што има околу 1.350 вработени.
Понатаму, се додава во соопштението, ВДЛ постигна договор за дистрибуција со дистрибутерот „АБЦ компанис“ (ABC Companies) за испорака на автобуси на „Ван Хол“ во САД и Канада. Партнерството со АБЦ ќе им овозможи на двете страни да ги зајакнат своите пазари и портфолио на производи.
ВДЛ Груп“, меѓународен индустриски семеен бизнис со седиште во Брејнпорт Ајндховен. Основана во 1953 година, пред речиси 60 години, компанијата ја води третата генерација од 2017 година. „ВДЛ Груп“ има над 16.000 вработени и е активна во 19 земји.
„ВДЛ Груп“ развива и произведува широк спектар на индустриски производи, од делови до напредни готови производи. Од таму посочуваат дека нивните активности може да се сумираат во „петте светови на VDL“: Hightech, Mobility, Energy, Infratech и Foodtech.
Во 2022 година, „ВДЛ Груп“ оствари комбиниран годишен обрт од 5.752 милијарди евра.