Украинскиот амбасадор во Велика Британија, Вадим Пристајко, посочи дека неговата земја можеби и би го повлекла барањето за полноправно членство во НАТО, со цел да се избегне поголем воен конфилкт со Русија.
Во интервјуто за Би-би-си радио, Пристајко беше запрашан дали Украинците би се откажале од НАТО, за да избегнат војна со Русија?
– Би можеле да го сториме тоа, особено кога сме третирани на таков начи, со уцени и притисоци – изјави амбасадорот.
Пристајко потсети дека во моментов Украина е незаштитена од можната руска инвазија и дека самата ќе треба да се соочи со евентуалната воена интервенција.
– Повторно ќе бидеме незаштитени бидејќи не сме дел од алијансата, во време кога нашите соседи се дел од безбедносната организација – додаде тој.
Рускиот претедател Владимир Путин во разговорите со западните претставници, повеќе пати повтори дека неговата земја нема да го толерира украинското членство во НАТО.
Фото: МИА