More

    Бродовите со хиперсонични ракети влегоа во Куба

    spot_img

    Воен брод вооружен со хиперсонични ракети се закотви во Куба додека руската морнарица изведуваше ракетни вежби на Атлантикот за да демонстрира сила во услови на зголемени глобални тензии, објави британски Телеграф.

    Фрегатата „Адмирал Горшков“ беше придружувана од подморницата „Казан“ на нуклеарен погон и од 2 брода за снабдување – едниот воен реморкер, а другиот носач на гориво – додека пловеше на 50 километри од Флорида.

    Вашингтон одговори со шпионски авиони-ловци на подморници и морски дронови за да го следи најзначајното руско распоредување на Кариби во последните години.

    Но, администрацијата на Бајден го минимизираше значењето на посетата на „Горшков“ и на „Казан“, нагласувајќи дека ниеден брод не носи нуклеарно оружје и дека Москва има право да одржува воени игри во меѓународните води.

    – Руските распоредувања се дел од рутинската поморска активност што не претставува директна закана или загриженост за САД – изјави официјален претставник од американската северна команда.

    Сепак, Пентагон испрати 3 разурнувачи на проектили и неколку поморски извидувачки авиони Боинг П-8 за да го засенат конвојот додека тој се приближуваше блиску до брегот на Флорида.

    Американските разузнавачи процениле дека „Горшков“ можеби е вооружен со хиперсонични ракети „Циркон“. Едно од најмодерните оружја на Русија, со дострел од нешто повеќе од 965 километри, може да погоди и копнени и поморски цели.

    Тоа значи дека јужна Флорида, вклучувајќи го и Мајами, на само 370 километри од Хавана, е во домет.

    Но, професорот на воениот колеџ на американската армија, Еван Елис, го отфрли присуството на флотилата во Куба како „чист кабуки театар“, со симболично наместо стратешко значење, насочен главно кон домашната публика во Русија.

    „Адмирал Горшков“ испука поздрав при влегувањето во пристаништето во Хавана во средата утрината. Кубанските сили возвратија со испукување од топови од шпанска тврдина од 18 век со поглед на пристаништето.

    Распоредувањето му овозможува на Владимир Путин да проектира сила на светската сцена дури и кога руската војска е заглавена во војна со Украина која одзеде огромен број животи, но ги покажа и борбените ограничувања на Русија.

    – Јасно е дека Русија нема одржлива способност да проектира значителна воена сила на западната хемисфера – рече д-р Елис, истакнувајќи дека распоредувањето е „протестен одговор“ на администрацијата на Бајден која ја овласти Украина да користи оружје испорачано од САД за напад внатре во Русија.

    Д-р Елис, исто така, истакна дека фрегатата и подморницата биле придружени со шлепер. Тоа според него ја откри трошната состојба на руската морнарица која помина катастрофално во војната во Украина, дури и рускиот предводник на Црното Море, бродот „Москва“, беше потопен во 2022 година.

    – Фактот што праќаат шлепер ви кажува сѐ. Тие дури и не можат да се потпрат на Кубанците или на Венецуелците ако нивните бродови се расипат – додаде тој.

    Се очекува двата брода да останат во Хавана 5 дена, а потоа ќе учествуваат во воени игри со кубанската морнарица.

    Тие може да ја посетат и Венецуела, уште еден од неколкуте руски сојузници во Латинска Америка.

    Пристигнувањето на воените бродови на Куба е ехо од Студената војна кога комунистичките режими во Москва и во Хавана се натпреварувале со Западот за геополитичка моќ , а кубанската ракетна криза во 1962 година речиси го предизвика нуклеарниот Армагедон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img