More

    Таткото на Данка си ја отвори душата

    spot_img

    Милош Илиќ, татко на двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во градот Бањско Поље кај Бор на 26-ти март, а која, според резултатите од истрагата, била убиена од водоводните работници Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, вели дека тој и мајката на девојчето, како и нивните најблиски роднини, сè уште се уништени и се надеваат дека Данка ќе се појави од некаде.

    – Јас имам надеж, односно сите потајно ја чуваме надежта дека нашето мало сонце Данка ќе ни се појави од некаде. Но, суровите настани, односно реалноста дека толку долго ја нема, секојдневно нè уништуваат – вели Милош.

    Со натчовечката сила што му е потребна да оди на работа и да заработи пари за егзистенција на своето семејство, и покрај слабоста што ја чувствува, Милош живее таканаречен нормален живот и е добар татко на тригодишниот син на кој бескрајно му недостасува сестра му. Мора да биде силен и поради сопругата која е бремена.

    Нивниот живот е уништен преку ноќ, а работите на Данка секојдневно им се пред очи и не можат да се помират со фактот дека ја нема.

    Малото девојче било фрлено во депонија

    За потсетување, двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки на сите траги и информации ги уапси Срѓан и Дејан од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.

    Телото на девојчето уште не е пронајдено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img