More

    Нека пука сонце, вие и натаму држете часови, препорача Министерството за образование

    spot_img

    Министерството за образование и наука (МОН) препорача основните училишта да продолжат со наставата со скратени часови, поради високите температури.

    Министерството препорача да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува, училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат, да се насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода, да им се препорача на учениците да не конзумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.

    Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, а согласно Здравствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија.

    Наставната година за учениците од основните училишта трае до 17.06.2024 година, а во средните училишта заврши на 10 јуни.

    Оваа одлука на Владата да ја продолжи учебната година до 17 јуни наиде на остри критики кај родителите.

    Актерот Сашко Коцев денеска на Фејсбук објави каква слика затекнал денеска во училиштето на неговото дете.

    – Бев во училницата на моето дете. Ми пријдоа да ме поздрават 19 снемогнати, препотени, дехидрирани, сварени дечиња… секако и учителката не беше во подобро расположение! Зошто 17.06? Зошто??????? – напиша тој.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img