Екстремни горештини во Грција: Акропол во Атина ќе биде затворен за посетители

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Image: 794447, License: Royalty-free, Restrictions: Specifically, you may not use the Images in ways or contexts that might reasonably be construed as pornographic, defamatory, libellous or otherwise unlawful; Specifically, you may not use images depicting any model in any unduly controversial or unflattering context, unless accompanied with a statement indicating that the person is a model and the images are being used for illustrative purposes only., Model Release: yes
- Advertisement -
Ad image

Најпосетуваната туристичка атракција во Грција, Атинскиот Акропол и денеска и четврток ќе биде затворена за посетители поради високите температури. Надлежните органи лани неколку пати донесоа слична одлука. Во екот на овогодинешниот прв топлотен бран, цивилната одбрана предупредува и на опасност од пожари во регионот на Атика, каде што се наоѓа главниот град на Грција.

Според грчкото Министерство за култура, Акропол ќе биде затворен од пладне до 17 часот. Во овој период од денот, според прогнозите, температурите денеска и четврток се очекува да достигнат до 43 Целзиусови степени.

Археолошкиот локалитет, наведен на листата на светско наследство на УНЕСКО, исто така беше затворен во јули минатата година за време на двонеделен топлотен бран.

Минатата година Акропол го посетиле речиси четири милиони посетители. Рекордна посетеност делумно се должи на зголемениот број туристи од бродовите за крстарење од пристаништето Пиреја, пренесува француската новинска агенција АФП.

Со првиот топлотен бран годинава, властите предупредуваат и на голема опасност од пожари во регионот на Атика, кој ја опкружува Атина, како и во регионите Фтиотида, Фокида, Лариса, Коринтија, Беотија и Магнезија.

Поради горештините, училиштата денеска и четврток ќе бидат затворени во повеќе делови од земјата, вклучително и во Атина, а Министерството за труд исто така ги повика вработените да работат од дома доколку тоа им го дозволи работното место.

Екстремни горештини се очекуваат и во Турција, Кипар и други области од овој дел на Европа.

Share This Article