Само ден откако Никола Јокиќ се најде на поширокиот список на селекторот Светислав Пешиќ за Олимписките игри во Франција, уште еднаш беше фатен како се глупира! Фановите се сеќаат дека кога заврши сезоната во НБА, тој пееше народни песни во Шведска, а сега најдобриот НБА кошаркар заигра на хитот на Здравко Чолиќ!
Јокиќ целото лето го посвети на релаксација, па можевме да го гледаме на коњски трки, па на рафтинг на Тара, а сега беше фатен како танцува на стариот хит на најпопуларната српска поп пејачка во Сомбор.
Јокиќ во моментот се подготвува за Олимписките игри каде веднаш ќе ги нападне своите најголеми ривали од НБА лигата.
Првиот меч кој ќе го игра Србија во Лил ќе биде против Соединетите Американски Држави.
Погледнете како изгледаше орото на Јокиќ: