Видеото снимено со дрон на кое се прикажува борба одблиску на бојното поле во Украина стана вирална на социјалните мрежи. На видеото се гледа како украинските војници одбиваат напад на руската пешадија.
Снимката од беспилотно летало сними група од тројца руски војници како се приближуваат до позициите на украинскиот полк К-2 на 54-та посебна механизирана бригада на вооружените сили на Украина. Русите најверојатно се движеле под заштита на силен минофрлачки оган, пишува Киев пост.
Од видеото тешко може да се утврди дали минофрлачите биле украински или руски. Во престрелката меѓу украинските и руските сили, руските трупи се обидоа да го заземат високото место над рововите и да ги исчистат напуштените позиции со гранати.
Во меѓувреме, украинските војници брзо се движат низ рововите, напаѓајќи го непријателот од различни агли.
Украински воен офицер изјави за Киев пост дека „видеото од дронот го покажува вистинскиот пекол на блиска борба“.
Тој објасни дека во модерното војување, воздушната извидувачка комуникација со пешадија или со јуришните групи стана широко распространета. Ова им овозможува на војниците да ја знаат локацијата на непријателот без да го напуштат ровот.
– Очигледно е дека комуникацијата помеѓу групата во ровот и операторот на дронови беше ефикасна. На видеото се гледа дека друго беспилотно летало лебди над дел од рововите каде што се непријателските сили и фрла експлозив -појаснува украинскиот офицер.
Според офицерот, координираните акции на украинската пешадија и воздушното извидување успешно го запреле руското напредување долж системот на ровови и елиминирале двајца руски војници во блиска борба. Еден руски напаѓач се обидел да се сокрие, но друго украинско беспилотно летало го забележува движењето и гво спречува рускиот напад.
Киев пост не можеше самостојно да го потврди времето и местото на снимањето на видеото. Украинската војска повремено објавува видеа од блиска борба со руските сили, снимени со беспилотни летала или со камери на телото.