Потпретседателот на Малави, Саулус Чилима и уште 9 лица загинаа во авионска несреќа, соопшти претседателот на јужноафриканската земја, Лазарус Чаквера.
Летот со потпретседателот Саулос Чилима, уште 6 патници и 3 членови на екипажот исчезнал од радарите откако вчераутро го напуштил главниот град Лилонгве. Во потрагата учествувале стотина војници, полицајци и шумски ренџери, објави Скај њуз.
– Тимот за пребарување и спасување го пронашол авионот во близина на ридот. Тие го нашле целосно уништен без преживеани. – изјави претседателот Чаквера.
Според првичните сознанија, причина за несреќата биле лошите временски услови.
Контролорите на летање соопштиле дека авионот се обидел да слета на аеродромот Мзузу поради лошите временски услови и слабата видливост, а пилотот побарал дозвола да се врати во Лилонгве од каде што полетале.