Руска подморница, за која дознавме дека е дел од Црноморската флота на руската воена морнарица. го помина Дарданелскиот Теснец придружувана од два патролни чамци на турската крајбрежна стража.
Според опскурниот извештај од руската морнарица, подморницата која во арсеналот поседува и нуклеарно оружје, ќе биде дел вежбите во Црното Море.
Претходно беше известено и за концентрирање на поголем број на воени бродови на Русија во пристаништето Тарт, за кои се претпоставува дека наскоро би можеле да се упатат кон Црното Море .
Од други извори дознаваме и за зголемено присуство на пловила на САД и на Велика Британија во поширокиот регион.