More

    Крајната десничарка Марин Ле Пен се обидува да направи голема коалиција со својата внука Марион Маршал од партијата Реконквиста

    spot_img

    Крајната десничарка Марин Ле Пен се обидува да направи голема коалиција со својата внука Марион Маршал од партијата Реконквиста. Ле Пен, која со својата партија Национален фронт победи на европските избори во Франција се спрема за битка со актуелниот француски претседател Емануел Макрон кон крајот на месецот.

    Макрон ненадејно го распушти францускиот парламент само часови откако се обзнани победата на Ле Пен со 31,4 отсто гласови го победи Макрон кој освои 14,6.

    Во меѓувреме, внуката на Марин Ле Пен се сретна со претседателскиот кандидат на Националниот фронт, Џордан Бардел, за да разговараат за потенцијалниот сојуз. Политико пишува дека можниот сојуз на двете водечки националистички партии може да ја обликува иднината на Франција.

    Партијата на внуката на Ле Пен едвај го помина прагот 5 отсто од вкупните гласови на европските извори, но гласовите за Реконквиста можат да бидат клучни во натпреварот.

    Претходно Маршал ѝ го сврти грбот на својата тетка и се приклучи во Реконквиста. Партијата била основана од независниот новинар и експерт Ерик Земор – пред претседателската трка во 2022 година.

    Но, на изборната ноќ, Маршал се заложи нејзината нова партија да формира сојуз со нејзината тетка.

    „Националниот табор постигна историски резултат“, напиша Марешал во објавата на социјалните мрежи во понеделникот и додаде:

    „Со оглед на сериозноста на ситуацијата во нашата земја, сакав да се сретнам со Марин Ле Пен и Џордан Бардел за да ја искористам можноста за градење владина коалиција.

    Во телевизиско интервју по средбата, Ле Пен рече дека ќе се сретне со низа политички лидери за да „изгради мнозинство“, без да прецизира дали постигнала договор со нејзината внука.

    Францускиот претседател Макрон, наводно, разговара со својата придружба за можноста да поднесе оставка додека распишува избори за Националното собрание, односно за долниот дом на парламентот, јавува радио станицата Европа 1, повикувајќи се на извори.

    – Оставката на претседателот не е табу. Да, треба да се разгледаат сите опции. Подготвен е да го жртвува крајот на својот претседателски мандат – цитираат медиумите извор од окружувањето на претседателот.

    Забележано е дека Макрон разговарал за ова сценарио со луѓе од неговата околина во последните недели. Не е пожелно, но може да послужи како „драматизација“ пред претстојните избори.

    На другиот крај од политичкиот спектар, четирите главни француски левичарски политички сили – комунистите, социјалистите, зелените и движењето „Франција непобедена“ на трикратниот претседателски кандидат Жан-Лук Меланшон – објавија заедничка изјава во која велат дека „сакаат“ заеднички кандидат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img