Руски бомбардер СУ-34 се урна на Кавказ за време на рутински тренинг лет, најверојатно поради технички дефект, при што загина екипажот, објавија руските власти.
„Во Северна Осетија-Аланија, во планинска област, авион СУ-34 на руските сили се урна за време на планираниот тренинг лет. Авионот се урна во напуштена област. Загина екипажот, се додава во соопштението“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Засега не е познато колку луѓе имало во авионот.
Сухој СУ-34 е руски суперсоничен ловец-бомбардер со среден дострел од советско потекло.