Четири деца се повредени за време на роденденска забава во Грција кога одлетал тобоган на надувување, а полицијата ги привела родителите што ја организирале забавата.
Во забавен парк во Коропа била организирана детска роденденска забава, но сопственикот ги немал потребните дозволи да постави тобоган. Според грчките медиуми, повредените деца имаат по 8 години, а 3 деца се пренесени во болница. За среќа, сите поминале со полесни повреди.
Полицијата ги привела управителите на забавниот парк, како и родителите што ја организирале роденденската забава.
Против две лица е поднесена кривична пријава бидејќи ја попречувале полицијата кога се обидела да го затвори просторот.