More

    Шефот на Кремљ ќе оди во посета на Северна Кореја

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин во наредните недели ќе ги посети Северна Кореја и Виетнам. Ројтерс пренесува дека ова денеска го објави московскиот весник „Ведомости“, повикувајќи се на дипломатски извори.

    Рускиот амбасадор во Северна Кореја, Александар Масегора потврдил за весникот дека Путин ќе дојде во Пјонгјанг и додал дека посетата „активно се подготвува“.

    „Ведомости“ пренесува дека претседателот на Русија би можел да го посети Виетнам веќе овој месец, по што веројатно веднаш би отпатувал за Северна Кореја.

    Ројтерс потсетува дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја посети Русија во септември минатата година, се сретна и разговараше со Путин. Ким потоа го посети космодромот „Восточни“ на далечниот исток на Русија, а Путин му вети помош за изградба на сателит.

    Кремљ соопшти дека Русија сака да изгради партнерство со Северна Кореја „во сите области“, но сè уште не го потврди датумот на посетата на Пјонгјанг.

    Британската агенција наведува дека од почетокот на војната во Украина, Русија ги зајакнала врските со Северна Кореја и други земји непријателски настроени кон САД, како што е Иран.

    Најавената посета на Путин на Сееверна Кореја зацвртсувањето на врските со  севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун предизвикуваат загриженост кај Западот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img