Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Попладне ќе има услови за ретка појава на локален пороен дожд и грмежи. UV зрачењето ќе изнесува 8
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 35-от степен.
Највисоката температура во државата ќе биде на југот – 36 степени.