Германскиот тенисер Александер Зверев успеа да обезбеди пласман во големото финале на грен слем турнирот Ролан Гарос во Париз, Франција.
Александар Зверев е тенисерот што ќе го предизвика Карлос Алкараз во големото финале на Ролан Гарос отако германскиот ас денеска славеше против Каспер Руд со 3-1 во сетови.
Младиот шпански тениски ас по триумфот над Јаник Синер со 3-2 во сетови истакна дека научил од ланскиот меч против Ѓоковиќ дека треба да продолжиш да се бориш, инаку победата ќе ти побегне.
Финалето помеѓу Алкараз и Зверев ќе се игра в недела од 15 часот.