Снаата и синот на Род Стјуарт по венчавката во Дубровник, ја посетија БиХ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Никол Артукович, чие семејство е по потекло од Конавле и Херцеговина, и нејзиниот сопруг Лиам Стјуарт, син на Род Стјуарт, го посетија Клобук во Босна и Херцеговина по минатонеделната венчавка во Дубровник, Хрватска.

Никол на Инстаграм објави фотографија од Клобук и покажа дека уживаат во звуците на виолината. Потоа објави фотографија од пејзажот со песната „Моја Херцеговина“ од Мате Булиќ.

Потсетуваме дека венчавката на Никол и Лиам ја пренесоа бројни регионални и странски медиуми. А се огласи и Род Стјуарт по венчавката, објавувајќи семејна фотографија.

„Исклучително сум горд што бев сведок на прекрасната свадбена церемонија на мојот син Лиам и неговата невеста Никол. Каква прекрасна комбинација на семејството Стјуарт и семејството Артукович. Нека продолжат да пронаоѓаат радост, љубов и смеа додека живеат и нека родат уште многу бебиња кои ќе му се придружат на нивното мало едногодишно момче Луи“, им порача Род на младенците.

Share This Article