Три лица со огнено оружје денеска пукале кон американската амбасада во Бејрут при што е повреден припадник на обезбедувањето

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Три лица со огнено оружје денеска пукале кон американската амбасада во Бејрут при што е повреден припадник на обезбедувањето.

Либански портали пренесуваат дека еден од напаѓачите е убиен, друг е ранет, а во тек е потера по третиот. Ројтерс напиша дека застреланиот е сириски државјанин.

Либанската армија соопшти дека возвратила со оган кон напаѓачите и оти повредениот напаѓач, кој е од сириска националност, е пренесен во болница.

Локалните медиуми јавуваат дека пукањето траело околу половина час.

Американската амбасада соопшти дека никој од персоналот не бил повреден за време на нападот.

 

 

 

Share This Article