Во српските автобуси еден патник може да носи само еден куфер од 23 килограми

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Србија  стапи на сила  правилото според кое еден патник во автобус може да носи само еден куфер тежок околу 23 килограми, а туристичките агенции и превозниците можат да наплаќаат за внесување повеќе багаж, бидејќи тоа претставува дополнителен ризик.

Ова правило е вовдено бидејќи последните години превозниците и туристичките агенции се соочувале со екстремни ситуации кога луѓето носеле столчиња, лежалки, дури и моторизирани гумени чамци и слични гломазни работи, што предизвикувало проблеми.

Според српскиот Законот за безбедност во сообраќајот е забрането и да се чува багаж во патничката кабина, а казните за чување на багажот во просторот каде што се сместени патниците се движат од 300.000 до 2 милиони динари.

Александар Сеничиќ, директор на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (ЈУТА),вели дека идејата ја презеле од колегите од авиосообраќајот, кои немаат централна одлука на нивните земји, но се согласиле дека тоа е безбедно правило.

– Видовте дека некои авиокомпании го мерат багажот во сантиметри и тежина. Не отидовме до тие граници, нема да мериме, но критериумот е едно место во автобус, една торба. Мислам дека една торба по семејство е сосема доволна. Автобусите имаат одредена максимална тежина на оптоварување. Не патуваме сами, од 50 до 90 луѓе, кога ќе погледнеме, тој простор е релативно мал во автобусот, багажот треба да се реди за да се собере. Ни се случило двајца да дојдат на поаѓање и да имаат пет торби, а ние да немаме каде да ги ставиме – вели Сеничиќ.

Тој информира и дека во автобусот нема да биде дозволен рачен багаж, но ќе биде дозволена храна и течности.

– На таа граница може да се внесат сендвичи, грицки и вода. Не се дозволени мали куфери, бидејќи немаме каде да ги земеме. Мал куфер не може да се собере на полиците во автобусот, тој е многу тесен и тогаш ризикуваме да лета, бидејќи не е на добро место. Вакви работи ретко ќе може да се туркаат – нагласува првиот човек на Јута.

Share This Article