Млад човек е убиен во пукање што се случи во ресторан во Сомур, во францускиот департман Мен и Лоара, кога непознат маж вооружен влегол во објектот, објави Б92.
Додека неколку луѓе вечерале на терасата од ресторанот, влегол маж со пиштол в рака и почнал да пука кон масата каде што убил 21-годишен млад човек, кој бил ранет во стомакот, и повредил уште еден во рака.
Полицијата соопшти дека напаѓачот е во бегство, а како причина се наведува долг од 80 евра кој жртвата му го должи на напаѓачот.