More

    Холандија и дозволи на Украина да ги користи нејзините авиони за напади врз Русија

    spot_img

    Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен изјави денеска, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Сингапур, дека Киев може да користи холандски Ф-16 за цел на руска територија.

    Олонгерн разговарал со Зеленски на маргините на безбедносната конференција Шангри-Ла Дијалог во Сингапур, пишува украинскиот портал Freedom.

    Таа во интервју за порталот „Политико“ рече дека Холандија нема да воведува ограничувања во „белгиски стил“ и дека кога Украина ќе добие оружје, „има право да го користи како што сака“.

    „За Холандија, единствениот услов е дејствијата на Украина да бидат во согласност со меѓународното право и правото на самоодбрана како што е наведено во Повелбата на ОН“, изјави министерот.

    Претходно, белгискиот премиер Александре Де Кру изјави дека 30 белгиски Ф-16 мора да се користат само на територијата на Украина, како што беше претходно договорено во билатералниот безбедносен договор меѓу Украина и Белгија.

    Во обраќањето на безбедносниот форум во Сингапур, кој собира повеќе од 500 делегати од околу 40 земји претходно денеска, Зеленски ги покани водечките воени претставници да учествуваат на претстојниот самит во Швајцарија и рече дека е разочаран што некои земји се уште не се обврзале да дојдат .

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img