Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека не му пречи да отслужи потенцијална затворска казна или да биде во домашен притвор по неговото историско обвинение од 34 точки, објави Си-Ен-Ен.
Тој е прогласен за виновен околу обвинението дека фалсификувал деловни документи.
– Не ми пречи тоа – изјави Трамп по минатонеделното изрекување на пресудата пред судот во Њујорк.
Тој го кажа ова кога еден новинар го праша што мисли за потенцијалните казни.
– Пред неколку дена видов дека еден од моите адвокати беше на ТВ и рече: „О, не, не сакате тоа да му го направите на еден претседател“. Му реков: „Не треба да се моли за ништо“. Мислам дека јавноста не би го толерирала тоа (затворска казна). Не сум сигурен дека јавноста би се заложила за тоа. Мислам дека би било тешко јавноста да го прифати тоа, знаете, во одреден момент е достигната точката на прекршување – рече Трамп.
Трамп е и првиот претседателски кандидат на голема американска партија кој е осуден за кривично дело среде кампањата за ноемвриските избори.
Судијата Хуан Меркан ја закажа пресудата на Трамп за 11 јули кога републиканскиот претседателски кандидат би можел да биде осуден на условна затворска казна или да биде осуден на казна затвор од 4 години по секоја точка од обвинението, со максимална казна од 20 години.
Си-Ен-Ен објави дека Трамп останува на слобода до изрекувањето на пресудата.
Поранешниот американски претседател повтори дека не направил ништо лошо и дека ги нападнал „болните“ кои учествувале во прогласувањето на неговата вина.
– Се борам за Уставот – рече Трамп и додаде дека на неговото семејство му било „потешко“ одошто на него самиот.
Тој конкретно ја спомна сопругата Меланија.
– Добро е, но мислам дека ова ѝ беше тешко. Мислам, таа е добро. Но… знаете, таа мора да ги чита сите тие срања – додаде републиканскиот претседателски кандидат.
На прашањето за можната политичка одмазда што би можел да ја бара ако победи на претседателските избори оваа есен, поранешниот американски претседател рече дека иако самата помисла на тој успех звучи „прекрасно“, тој додаде дека „ужасно е тешко кога ќе видите што направиле“.
– Тие луѓе се толку зли, а во исто време земјата би можела да се обедини (поради тоа) – рече Трамп.