И денешното прво гласање во Уствавниот суд помина без избор на претседател.
И покрај тоа што Ана Павловска Данева се повлече, противкандидатката Татјана Васиќ Бозаџиева повторно добила 5 гласа, недоволни за да биде избрана за претседателка на Уставниот суд, велат изворите на Телма.
Неофицијално, во следниот круг гласање ќе има нов единствен кандидат кој ке се обиде да добие 6 гласа, а наводно станува збор за уставниот судија Осман Кадриу кој ќе се обиде да добие двотретинска поддршка.
Изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да добие шест гласа за да биде избрана една од двете кандидатки Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.
Вчера заврши и тригодишниот мандат на Добрила Кацарска.