More

    Модриќ ги воодушеви навивачите на Реал: Се гледаме следната сезона!

    spot_img

    Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ во неделата вечерта им порача на навивачите на Реал Мадрид „се гледаме следната сезона“, потврдувајќи дека ќе го продолжи договорот што му истекува овој месец.

    „Колку сум среќен што сум повторно овде! изјави 38-годишниот Модриќ во обраќањето до публиката на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ за време на прославата на освојувањето на Лигата на шампионите.

    „Ви благодарам многу за поддршката во текот на целата година. Оваа чаша е и твоја. Се гледаме следната сезона“, додаде Модриќ.

    Со ова тој потврди дека ќе потпише нов договор со клубот за кој настапува од летото 2012 година, коментираше клупската телевизија Реал Мадрид при преносот на прославата.

    Неговиот актуелен договор истекува на 30 јуни.

    Во саботата Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 2-0 во финалето на Лигата на шампионите одиграно во Лондон, со што по петнаесетти пат стана европски првак.

    Претседателот на Реал, Флорентино Перез, по натпреварот изјави за новинарите дека е „сигурен дека Модриќ ќе продолжи да игра уште една година“.

    Никој не се сомнева во тоа“, изјави Перез.

    Модриќ со Реал Мадрид освои 26 трофеи, па заедно со капитенот Начо Фернандез е играчот со најмногу трофеи во 122-годишната историја на клубот.

    Во саботата тој повтори дека би сакал да ја заврши играчката кариера во Реал Мадрид.

    Фудбалерите во неделата го прославија освојувањето на Лигата на шампионите во центарот на Мадрид и на стадионот пред десетици илјади навивачи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img