Џенифер Лопез ја откажа својата концертна турнеја која беше планирана за јули годинава. Како што дознава „Daily Mail“, Лопез ја откажала турнејата „This Is Me…Live The Greatest Hits“ за да помине повеќе време со своето семејство.
– Џенифер зеде слободно време за да биде со своите деца, семејството и со блиските пријатели. За оние што купиле билети преку „Ticketmaster“, парите автоматски ќе им бидат вратени, фановите не треба да прават ништо. Ова беше многу тешка одлука која Џенифер ја донесе оваа недела и жал ѝ е поради фановите. Оваа одлука не беше донесена поради продажбата на билети бидејќи турнејата всушност беше добра во повеќето клучни градови и дојде до добар пораст – велат блиски изввори до пејачката.
Таа се огласи преку нејзината страница „OntheJLo“ и им порача на фановите дека е тажна и скршена што ги разочарала.
„Потполно сум тажна и скршена што ве изневерив. Ве молам знајте дека тоа не би го направила да не чувствував дека е апсолутно неопходно. Ветувам дека ќе ви се оддолжам и сите повторно ќе бидеме заедно. Многу ве сакам. Се гледаме наскоро“, напишала Џеј Ло.
Медиумите шпекулираа дека продажбата на билетите за турнејата не оди според очекувањата и дека тоа е причината за откажувањето на турнејата.
Во изминатиот период исто така се објавуваа гласини дека таа и Бен Афлек се пред развод.